(ВИДЕО) Протест на „Македонија-блокира“: Предавници не го продавајте она што е македонско

„Македонија – блокира” под засилно полициско обезбедување го започна протестот пред Собрание, каде што пратениците ја започнаа финалната фаза за усвојување на уставните измени. Тие извикуваат „предавници“, „издаици“, „платеници“, „Македонија, Македонија“ и ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на големиот протест и да се спротивстават на промената на името. Тие бараат да влезат во Собрание, и го повикуваат претседателот да прогласи воена состојба.

ВО ЖИВО: Протест на „Македонија блокира“ против уставните измени

ВО ЖИВО: Протест на „Македонија блокира“ против уставните измени

Posted by A1on.mk on Среда, 09 јануари 2019

„Овде се дојдени од цел свет, дијаспората е тука, и сите Македонци. Другите што не се тука не ги сметам за Македонци и нема да ги сметам додека даваат поддршка да се смени уставното име. Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија ја било и ќе ја биде“, изјави Драган Угриновски од ,,Македонија – блокира”.

Тој јавно повика одговорен од полицијата да пушти група од тројца, кои ќе влезат на седницата и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците, со цел да не ги изгласаат уставните измени.

„Полицијата не треба да ги брани овие издаици, тие се предавници, тие 120 кои се внатре треба да излезат надвор и да не поддржат. Да не им дозволиме да го сменат нашето име кое со векови постоело. Да го повикаме и претседателот Иванов да дојде овде и да ни се придружи и да прати порака”, додаде тој.

Угриновски вели дека за следните чекори дополнително ќе информираат, но деќа ќе останат пред Собрание се додека не заврши седницата, ќе вршат притисок и нема да дозволат да ги усвојат уставните измени.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

A1on

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

A1on

Единствена Македонија: Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново

A1on

Единствена Македонија: Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

A1on

Бачев: Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ

A1on

Бачев до Заев: По студениот туш од ЕУ, повлечи се од договорот со Грција, врати ги украдените пари и побарај аболиција од народот

A1on