(ВИДЕО) Зендели до Османи: Прашај ги Албанците во Чаир дали се согласуваат во државјанство да им стои дека се Македонци

Ние не сме кочница за интегративниот процес во НАТО и ЕУ, ние дадовме поддршка на почетокот за отворање на Уставот, но во текот на процесот се променија правилата на игра, се дадоа нови работи кои за нас се спорни, велат од крилото на Касами на Беса.

Пратеникот Фадил Зендели по средбата со претставникот на НАТО, Зоран Јанковиќ, истакна дека има спорни моменти во делот на државјанството и рече дека одговорноста е на тие кои ги промениле правилата на игра, што не биле дел од дебатата за уставните измени.

Зендели порача вицепремиерот Османи да оди во Чаир и да ги праша Албанците дали прифаќаат во државјанството да бидат именувани како Македонци.

„Ако тој најде некој со поддршка, тогаш и ние ќе го поддржиме“, додаде Зендели.

Галена Николовска-Ризвановиќ