Криштопанс потпиша за ПСЖ

Ракометарот на Вардар, Данаис Криштопанс, по завршување на сезоната 2019/20 ќе се пресели во француската престолнина Париз. Тој ќе го засили ПСЖ каде тренер е македонскиот селектор Раул Гонзалес.

– Летонскиот десен бек Даинис Криштопанс ќе ни се приклучи на лето 2020! Добредојде за него! – објави ПСЖ преку клупскиот Фејсбук.

Криштопанс изрази задоволството што во иднина ќе има можност повторно да соработува со тренерот Раул.

– Среќен сум што ќе играм за една од најсилнити екипи во светот и ќе работам со Раул Гонзалес, истакна бекот на „црвено-црните“.

Според договорот Криштопанс се обврза на тригодишна соработка со ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Се полни плоштадот во Скопје, се чекаат ракометарите

A1on

(ВИДЕО) Ечи на скопскиот аеродром, се чекаат шампионите

A1on

Три од три за Вардар во ракометната Суперлига

A1on

Екипа од Кина дел од СЕХА во следната сезона

A1on

Милосављев и Криштопанс во иделаниот тим на тренерите на тимовите во ЛШ

A1on

Македонија против Исланд ќе го заверува пласманот на ЕП 2020

A1on