Фабрегас во Монако во следните 2,5 години

Договорот на Цеск Фабрегас со француски Монако ќе трае две и пол години, објави локалното издание „Екип“. Шпанецот веќе го одигра својот последен натпревар во Лондон за време на викендот.

Фабрегас се збогуваше со навивачите на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од ФА Купот на Англија против Нотингем Форест.

Играчот и неговиот агент одржаа финални преговори со потпретседателот на Монако, Вадим Василиев, кои ги прецизирале сите детали за личниот договор на Фабрегас.

Двата клуба допрва треба да постигнат договор за надоместокот што Челзи ќе го добие. „Сините“ инсистираат на износ од околу 12 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ПСЖ предложи размена Нејмар – Погба, Јунајтед одби

A1on

Алвес го објави своето заминување од ПСЖ

A1on

Порто со понуда за Буфон

A1on

Мбапе останува во Франција

A1on

Леонардо ќе ги донесе СМС и Донарума во ПСЖ

A1on

Леонардо нов спортски директор на ПСЖ

A1on