Единствена Македонија: Сега кога марионетата Заев призна за грчки медиум дека брише се што е македонско, што ќе прави македонскиот народ

„Со вчерашното интервју за грчкиот „Ефимерида тон синдактон“, марионетата Зоран Заев целосно ги отвори картите дека со договорот со Преспа се раѓа нова нација во новата држава Република Северна Македонија и дека се признава грчкиот карактер на Македонија во регионот.

Со ваквите изјави за бришење на Македонците од светската мапа на нации, марионетата Зоран Заев требало да го разубеди лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да гласа во грчкиот парламент за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Како и да е, маските паднаа. Зоран Заев цело време ја лаже и манипулира македонската јавност дека со договорот од Преспа е заштитен македонскиот јазик и идентитет а во вчерашното интервју за грчки медиум самиот Заев сето тоа го демантира поклонувајќи ја на Грција македонска историја, наследство и култура во регионот.

Сега кога самиот Заев на отворена сцена го брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традиција на македонскиот народ, што ќе прави македонскиот народ?“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

A1on

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

A1on

Глас за Македонија бара од Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации

A1on

Заев: Сите кои кубат коси и мрчат за повратокот на ДДВ, да престанат

Кристијан Ландов

Твитер: Да го ставиме Заев и директор на МКЦ, па на банкнота од 5000 денари

Кристијан Ландов

Единствена Македонија: Заев ја потценува жртвата на бранителите во Арачиново

A1on