Винсент Касел очекува дете со новата сопруга

Познатиот француски актер Винсент Касел им соопшти на своите обожаватели дека очекува дете со неговата 31 година помлада сопруга, манекенката Тина Кунаки, со која се ожени во август минатата година.

Објавата на среќната вест на Твитер беше неизбежна, откако пред неколку дена на аеродромот „Орли“ Кунаки го покажа стомачето.

Касел (52) пред неколку години се разведе од актерката Моника Белучи по 14 години брак.