50 обвинети и осудени кои побарале амнестија добија негативно мислење дека може да бидат ослободени

Вкупната бројка на лица кои побарале амнестија, а за кои има негативно мислење од Обвинителството се вкупно 50.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија до судот. Дадено е позитивно мислење само по 3 барања, а мислење дека не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи.

„Од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот“, соопштија од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Денеска по сите е испратено мислење до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од Обвинителството информираат дека во 36 мислења нема место за амнестија, а позитивно мислење има само за едно.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Советникот Усеини се гони за физички и вербални напади, но не и за дивоградбите

Кристијан Ландов

Во Карпош пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж

A1on

Поднесено обвинение за сторена тешка кражба

A1on

Поранешен градоначалник на Велес обвинет за злоупотреба на службената положба

A1on

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите сметаат дека рокот за жалба е прекраток

A1on

ВИДЕО: Ќе се бара екстрадиција за Груевски како организатор на 27 април

A1on