Поради магла откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

Поради магла и намалена видливост откажани се или пренасочени дел од летовите до и од Скопје, потврдија од М-НАВ за МИА.

Од аеродромот „Скопје“ попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Мемингем. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот.

Последниот авион од скопскиот аеродром полетал во 15:47, а летал до Белград, покажува информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“. Откажано е и полетувањто за Варшава, закажано за 17:05, а откажан е и летот за Истанбул, кој бил предвиден за 20:40 часот.

Би можело да ве интересира

Реконструкцијата на патот Битола-Демир Хисар готова до август, Сугарески очекува скок во реализацијата на капитални инвестиции

A1on

Интензивно се работи на регионалниот пат Штип-Радовиш, реконструкцијата ќе заврши во август

A1on

Од денеска од Скопје до Штип за половина час, пуштен новиот автопат

A1on

Железничка линија Скопје-Солун-Скопје од 15 месецов

A1on

Владата и „МАКАМ-ТРАНС“ ќе работат на решавање на проблемите на превозниците

A1on

Сугарески задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во вториот квартал

A1on