Македонски автори на стрип-фестивал во Пожаревац

На Фестивалот на стрип и карикатура, или скратено „Стрика фест 2018“, кој се одржа вчера, во српскиот град Пожаревац, покрај домашните стрип-творци, не изостанаа и такви од Македонија. Меѓу мноштвото изложени дела, на изложбата поставена во холот на Центарот за култура во Пожаревац, посетителите имаа можност да се запознаат и со анти-воениот стрип од 12 табли – „Надежта е нешто пердушесто“, кој по сценарио на Александар Стеванов го илустрира дипломираниот ликовен уметник Дарко Богданов.

„Стрика фест“, кој годинава се одржува по вторпат, е во организација на здружението „Креативна оштрица“, а е реализиран со финансиската поддршка на Градот Пожаревац. Освен изложбата, во склоп на фестивалот одржани беа и работилници за карикатура и стрип, а на берзата составена од неколку штандови, вљубениците во деветтата уметност имаа можност да се запознаат и со најновите стрип-публикации.

Од организаторот порачуваат дека фестивалот и годинава успеа „на едно место да ги собере љубителите на стриповите и карикатурите, нивните издавачи, колекционерите и уметниците кои ги создаваат овие дела.“ А што се однесува до македонските стрипаџии, по учествата на фестивалите во Крагујевац, Лесковац, Белград, Нови Сад, Велес, Ваљево, а сега и Пожаревац, особено имајќи ги предвид неколкуте освоени награди, слободно би можело да се каже дека успешно ја завршуваат и оваа стриповска година.

Би можело да ве интересира

Предавање „Стрип и ангажман“ на Томислав Османли

A1on

Стрип-илустрирање на скопските митолошки јунаци и културни добра

A1on

Отворен Конкурс за 17-тиот Меѓународен салон за стрип – Велес 2019

A1on

Прва годишна награда за стрип „Лифт“

A1on

Втора награда за македонски автори на стрип-фестивал во Србија

A1on

На 95 години почина популарниот автор на стрипови Стен Ли

А1он