Нова книга на Ненад Јолдески – „Пливање спротиводно“

Од печат излезе новата книга на Ненад Јолдески насловена „Пливање спротиводно“. Се работи за 168 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ од Скопје, чие излегување е поддржано од Министерството за клутура на РМ.

Авторот на две книги раскази (Штамата на Енхалон, 2009 и Секој со своето езеро, 2012) и добитник на Европската награда за книжевност (2016) овој пат се јавува со еден кус роман или новела, за која во поговорот Катица Ќулавкова напиша:

„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои го сигнализираат нескриено присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.

Би можело да ве интересира

Данската писателка Јане Телер ќе го промовира романот „Ништо“

A1on

Летен фестивал на книгата во „Три“ – „Читај каде и да одиш“

A1on

Читајќи го Балканот – разговор со четворица писатели

A1on

„Калеидоскоп“ – едиција со десет современи книжевни дела за млади

A1on

„Сенката на Марко Крале“ – монографска студија на Витомир Митевски

A1on

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

A1on