Вечер на балтичката литература во МКЦ

Издавачката куќа „Готен“ од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар организира Вечер на балтичката литература – промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс и на збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија.

„Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двогодишниот проект на издавачката куќа „Готен“ насловен „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, кој опфаќа превод на 10 книги од Балтикот – кој е меѓу најмалку претставените европски региони во Македонија.

-Станува збор за две одлични книги од автори кои се едни од најинтересните книжевни гласови на полската и на летонската книжевност од поновата генерација, соопшти „Готен“ за книгите „Стакларница“ и „Јелгава ’94“, чие објавување и промоција пред макеоднската публика се поддржани од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Данската писателка Јане Телер ќе го промовира романот „Ништо“

A1on

Летен фестивал на книгата во „Три“ – „Читај каде и да одиш“

A1on

Читајќи го Балканот – разговор со четворица писатели

A1on

„Калеидоскоп“ – едиција со десет современи книжевни дела за млади

A1on

„Сенката на Марко Крале“ – монографска студија на Витомир Митевски

A1on

Промоција на книги од Санде Стојчевски, Елена Пренџова и од Стефан Марковски

A1on