Сугарески: Наскоро почнува изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце

Проектирањето на првите 1,9 километри од автопатот Скопје-Блаце ќе биде завршено во текот на следниот месец, веднаш потоа ќе почне тендерирањето, а се очекува во следните неколку месеци да почне и изградбата на тој дел од делницата, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Тој автопат е приоритетен и веднаш по завршувањето на автопатската делница од Миладиновци до Штип очекуваме да почне изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Проектирањето за престанатите 10,5 километри ќе се работи во текот на следната година по што ќе почне изградбата на тој дел од автопатот, изјави Сугарески пред почетокот на конференцијата на тема „Македонија мегалополис” во МАНУ.

Најави дека во текот на следната градежна сезона ќе се интензивира изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.

-Ќе има и сериозно интензивирање и на работите на автопатот Кичево-Охрид, бидејќи со анексот три се надмина проблемот во делот на средствата, но и сите останат четири-пет крупни проблеми кои ги имаше на тој автопат, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Сугарески: Половина милијарда евра инвестиции во инфраструктурата во Kривопаланечко

Транспортна стратегија до 2030: Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Наум Локоски

ВИДЕО: Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Наум Локоски

Земјиштето кај „Холидеј ин“ не морало да се продава

Наум Локоски

Сугарески побара поддршка од ЕУ за реализација на инфраструктурни проекти

Наум Локоски

Министерство за транспорт: Обврзани сме да овозможиме откуп на земјиште ако е исполнет законскиот основ

Наум Локоски