Џорџ Сорос личност на годината во изборот на „Фејненшал Тајмс“

Американскиот милионер Џорџ Сорос е прогласен за „личност на годината“ во изборот на британскиот весник „Фајненшал Тајмс“.

Во образложението на изборот се посочува дека на Сорос му се доделува оваа „титула“, поради неговата „активна политка и либералните погледи на светот“.

Весникот наведува дека изборот на „личност на годината“ вообичаено е одраз на остварувањата не некој поединец, а во случајот на Сорос станува збор за „вредностите што тој ги претставува“.

– Тој е знаменосец на либералната демократија и отвореното општетсво. Овие идеи, кои победија во Студената војна, денес се под притисок од сите страни – од Русија на Владимир Путин до Америка на Доналд Трамп, наведува „Фајненшал Тајмс“.

Весникот посочува дека Сорос „повеќе од три децении ја користи филантропијата за да се бори против авторитаризмот, расизмот и нетрпеливоста“.

– Со својата одамнешна посветеност на транспарентноста, слободата на медиумите и човековите права, тој го привлече гневот на авторитарните режими и се почесто и на националистичките популисти, кои продолжуваат да зајакнуваат, особено во Европа, се наведува во образложението на „Фајненшал Тајмс“ на изборот на Џорџ Сорос за личност на годината.

Би можело да ве интересира

Сорос: ЕУ ќе се распадне како Советскиот Сојуз

Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ прекинува со работа во Турција

Наум Локоски

Американски владин медиум казни новинари поради материјал за Сорос

Ана Ололовска

Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос во САД

Ана Ололовска

Американскиот претседател го обвини Сорос