„Македонија-Блокира“: Марионетската власт е уплашена штом ги спречува нашите блокади со полициска интервенција

„Македонија-Блокира“ најостро ја осудува вчерашната полициска интервенција со која беше спречена блокадата на патот Охрид-Струга кај село Мислешево иако протестот беше уредно најавен во МВР во законски определениот рок.

Ова се веќе знаци на една уплашена власт на Зоран Заев штом започна да ги спречува протестите на „Македонија-Блокира“ со што, патем, се крши и уставно загарантираното право на протест.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на „Македонија Блокира“.

Би можело да ве интересира

Додека се гласаат уставните промени, пред Собранието едвај стотина граѓани

Наум Локоски

„Македонија блокира“: Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Мицкоски глуми дека го брани името, а на странците им ветил дека нема да ги попречува уставните измени

Наум Локоски

Бачев: Бејли и Стивенсон вршат притисок врз пратеници заклучени во Собрание

Наум Локоски

ВИДЕО: Четворица приведени на протестот пред Собранието на РМ

Наум Локоски

Бачев бара од собраниската говорница да се обрати претставник на „Македонија – блокира“

Ана Ололовска