Трпеноски: Изборот на Чадиковски за претседател на ЗНМ не е според Статутот, немаше мнозинство од присутните членови

Претставникот на верификационата комисија на ЗНМ, Горан Трпеноски на неговиот Фејсбук профил објави дека изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ не е според Статутот на организацијата.

Како што напиша Трпеноски, за да се избере претседател на ЗНМ, за кандидатот треба да гласаат мнозинство од присутните новинари, бројка на гласови која што Чадиковски не ја добил.

На изборното Собрание биле присутни 175 од вкупно 555 членови на ЗНМ, а за Чадиковски гласале 86, што е помалку од потребниот минимум.

Во Членот 34 од Стаутот на ЗНМ стои дека претседателот се избира со мнозинство од пристуните на изборното Собрание.

Од телевизијата Канал 5 најавија дека во текот на утрешниот ден за настанатата ситуација ќе ја известат Европската Асоцијација на Новинари за да се утврди дали станува збор за случаен превид или намерна измама, која што би го оспорила изборот на Чадиковски.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Рашковски дава пример како не треба да се однесува висок претставник на Владата кон новинарите

Татјана Ташкова

ССНМ и ЗНМ остро ги осудуваат заканите кон Героски, институциите да реагираат

ЗНМ: Рекламите на партиите во медиумите се ризичен чекор

На новинарот Станковиќ нема да му се продолжи договорот со ТВ24 поради ангажман во Владата

Ана Ололовска

ЗНМ: Осуда на заканите врз екипата на ТВ21

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми

Татјана Ташкова