УЕФА ги објави номинациите за Тим на годината

Европската фудбаска федерација УЕФА ги објави номинациите во анкетата за Тим на годината.

Фановите можат да гласаат за идеалните 11 фудбалери на сајтот на УЕФА меѓу номинираните вкупно 50 играчи, меѓу кои најбројни се членовите на Реал Мадрид – девет.

Номинираните за Тим на годината се:
Голмани: Алисон (Ливерпул), Хуго Лорис (Тотенхем), Кејлор Навас (Реал Мадрид), Јан Облак (Атлетико), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
Дефанзивци: Жорди Алба и Пике (двајцата од Барселона), Џорџо Киелини (Јувентус), Хозе Хименес, Диего Годин и Лука Хернандес (сите од Атлетико Мадрид), Џошуа Кимих (Баерн), Калиду Кулибали (Наполи), Костас Манолас (Рома), Марсело, Серхио Рамос и Рафаел Варан (сите од Реал), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Вирџил ван Дајк (Ливерпул)
Среден ред: Каземиро, Тони Крос, Лука Модриќ и Иско (сите од Реал), Кевин Де Бруин и Давид Силва (двајцата од Манчестер Сити), Еден Азар и Н’Голо Канте (двајцата од Челзи), Џејмс Милнер (Ливерпул), Саул Нигес (Атлетико), Димитри Паје и Флориан Товен (двајцата од Марсеј), Миралем Пјаниќ (Јувентус), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Иван Ракитиќ (Барселона)
Напаѓачи: Герет Бејл (Реал), Единсон Кавани и Килијан Мбапе, Нејмар (двајцата од ПСЖ), Пауло Дибала и Кристијано Роналдо (двајцата од Јувентус), Един Џеко (Рома), Роберто Фирмино, Садио Мане и Мохамед Салах (сите од Ливерпул ), Антоан Гризман (Атлетико), Хари Кејн (Тотeнхем), Роберт Левандовски (Баерн), Лионел Меси и Луис Суарез (двајцата од Барселона).

Би можело да ве интересира

УЕФА ги отфрли жалбите на Португалија и Луксембург за случајот Мораеш

A1on

Милан блиску до договор со УЕФА да не игра во Лигата на Европа

A1on

Платини со официјална изјава по денешните информации за негово апсење

A1on

УЕФА без коментар за притворањето на Платини

A1on

УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

A1on

УЕФА спровела над 200 допинг тестови на репрезентативци во текот на годината

A1on