„Двоглав орел“ – збор на годината во Швајцарија

Откако швајцарски фудбалери, по потекло од Косово, кои на Мундијалот во Русија со рацете го прикажуваа симболот на двоглав орел, се разви полемика и поделеност во Швајцарија, па зборот ја доби титулата „Збор на годината“.

Двоглав орел (на германски doppeladler) покажуваа фудбалерите Џердан Шаќири и Гранит Џака, по што се поставуваше и прашањето за лојалност на странците кон Швајцарија, а кои имаат двојно државјанство.

„Двоглавиот орел во 2018. предизвика голема бура и уште долго ќе се спомнува во дебатите“, се наведува во образложението на одлуката на Циришкиот универзитет за применета наука. Зборот победи и во германското и италијанско говорно подрачје.

При изборот на „Збор на годината“, Универзитетот анализираше архива текстови објавени во Швајцарија, а десетчлено жири предвид го имаше и она за што се зборуваше во текот на годината.

„Збор на годината“ во Швајцарија се избира од 2003 година.