Анѓушев: Поскапе само најевтиниот леб, ако оцениме дека треба, ќе реагираме преку државните резерви

Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Вака вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска го образложи поскапувањето на, како што истакна, само најевтиниот леб.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето договори за грантови од Фондот за иновации во Владата, Анѓушев речиси го повтори завчерашниот став на министерот за земјоделство Љупчо Николовски – дека Владата ќе ја следи состојбата и ќе реагира ако има потреба преку стоковните резереви.

-Годинава сушата си го зема својот данок во делот на житото и житните производи. Житото на сите светски берзи, а на новосадската берза која е најблиска за нас порасна за 30-ина проценти. Тоа практично се одразува во цената на финалните производи, на лебот. Засега поскапе само најевтиниот леб, односно еден дел од асортиманот на пекарите. Како Влада ќе ја следиме состојбата и доколку видиме дека има посериозен импакт на сите останати пекарски производи генерално, ќе интервенираме од државните резреви со житни производи. Имаме доволно резерви, тие се купени со соодветни цени, домаќински е тоа направено и ќе реагираме навреме доколку видиме дека зафаќа поголем замав. Сега оставаме реалната економија да ги реши сама по себе проблемите без многу интервенционизам, но ако има потреба ќе го направиме тоа, изјави Анѓушев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Околу 50 милиони евра секоја година ќе се враќаат назад кај граѓаните

A1on

ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

A1on

Бектеши: Намалувањето на младинската невработеност наш приоритет

A1on

Иницијатива на Србите во Македонија: Купувајте српски производи

A1on

(ВИДЕО) Арсовски: Економијата крахира, Анѓушев цвета

A1on

ВИДЕО: Објавен првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште

A1on