ЕУ: Над милијарда патници во воздушниот сообраќај во 2017 година

Во 2017 година со авион во Европа патувале 1.043 милијарди патници, што е за 71 милион или седум отсто повеќе отколку во 2016 година, соопшти денеска Канцеларијата за статистика Евростат.

Речиси половината, односно 47 проценти од патничкиот воздушен сообраќај во 2017 година отпаѓа на патувања во рамки на ЕУ, 37 отсто надвор од Унијата, а 17 проценти се однесуваат на националниот воздушен промет.

Најголем број патници во воздухопловниот сообраќај во ЕУ во 2017 година забележан е во Велика Британија и тоа 265 милиони патници, по што следува германија со 212 милиони и Шпанија со 210 милиони патници.

Бројот на патници се зголеми во сите земји-членки на ЕУ во споредба со 2016 година, при што најголемо зголемување се забележува во Словенија – за 20 отсто, по што следат Луксембург, Естонија, Бугарија и Чешка со раст од 19 отсто и Романија, Хрватска и Малта со 18 проценти.

Лондонскиот аеродром Хитроу, од кој патувале 78 милиони патници, и во 2017 година го задржа статусот на најпрометен аеродром во ЕУ. По него следува парискиот аеродром шарл де Гол со 69 милиони патници, а на трето место е аеродромот во Амстердам Схипхол со 52 милиони патници.

Би можело да ве интересира

Реконструкцијата на патот Битола-Демир Хисар готова до август, Сугарески очекува скок во реализацијата на капитални инвестиции

A1on

Интензивно се работи на регионалниот пат Штип-Радовиш, реконструкцијата ќе заврши во август

A1on

Од денеска од Скопје до Штип за половина час, пуштен новиот автопат

A1on

Железничка линија Скопје-Солун-Скопје од 15 месецов

A1on

Владата и „МАКАМ-ТРАНС“ ќе работат на решавање на проблемите на превозниците

A1on

Сугарески задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во вториот квартал

A1on