Почнува со имплементација Програмата за прекугранична соработка со Србија

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ денеска, на состанок со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски разговараа за последните подготовки за отворање на канцеларија во Куманово, за имплементација на ИПА Програмта за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Србија.

На состанокот на кој присуствуваа оперативните структури од двете земји, министерот за локална самоуправа Фазлиу и амбасадорката Дивјак Томиќ, му се заблагодарија на градоначалникот Димитриевски за поддршката што ја дава општината со отстапување на канцеларија за потребите на Програмата.

Програмата за прекугранична соработка со Србија е нова програма, која ќе биде финансирана со средства од ИПА инструментот на Европската Унија и кофинансирана со средства од буџетот на државата.

Во завршна фаза е процесот на воспоставување на заедничките технички тела, а се подготвува и првиот повик за проекти на кој што ќе можат да аплицираат општини, граѓански организации и други непрофитни субјекти од двете земји.

Заради успешно спроведување на програмата во тек се обуки за подготовка на проектна апликација за потенцијалните апликанти, а исти такви обуки ќе бидат организирани и за заинтересираните субјекти во Србија.

Би можело да ве интересира

По поројниот дожд во Куманово, екипите на терен, утре седница на Општински штаб за заштита и спасување

A1on

Невреме во Куманово – поплавени куќи, подрумски простории и гаражи

A1on

Затекнати три малолетни лица во дискотека во Куманово

A1on

Откриени злоупотреби во дом за стари лица во Куманово

A1on

Фазлиу: Надлежните да направат анализи и да излезат со конкретни докази за евентуални злоупотреби

A1on

Презентација на 16 проекти одобрени со грантовата шема за инвестиции

A1on