Демонстрантите извикуваа „Предавник“ пред домот на Пешевски: Срамно е да ги повикувате пратениците да прават национално предавство

Триесетина граѓани со знамиња и патриотски песни се собраа пред зградата на ексфункционерот Владимир Пешевски каде извикуваат „Предавник“. Тие прочитаа писмо кое сакаа да му го предадат лично на Пешевски, во неговиот дом, но полицијата ги спречи да влезат внатре.

„Македонскиот народ не поддржува насилничка промена на името. На сите ни е јасно дека сте под притисок и закани кои не ги издржавте, но имајте ги во предвид за националните интереси. Срамно е да повикувате пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во националното предавство. Со вакви поранешни функционери сме пример за ненормална држава. Со кое право барате да се менува името? Народот ќе ве чува ако ви се закануваат излезете да ја спасиме Македонија заедно“, порачаа од „Македонија блокира“ и го повикаа ексминистерот Владимир Пешевски да излезе и да го прими нивното писмо.

Протестот велат дека е реакција на отвореното писмо на Пешевски во кое повика на помирување и поддршка за уставните измени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Албанци протестираа пред Белата куќа против Рама и Сорос

ВИДЕО: Протести пред зградата на Амазон во Франција

Темелковски на протест со жителите на Кисела Вода за дислокација на Центарот за зависници

КСС на протест побара покачување на платите и исплата на К-15 во јавниот сектор

Опозицијата во Албанија денеска на протест за „ослободување“

Татјана Ташкова

Награда од Амнести интернешнл за активстката Грета Тунберг