(ВИДЕО) Нелоска: Го допревме дното со лоши услови за работа во здравството – напади на медицински персионал, малтреирани пациенти

Здравството во Македонија тоне од ден во ден. Го допревме дното со лоши услови за работа, напади на медицински персонал, измалтретирани пациенти. Што се случуваше деновиве? Нападнат медицински персонал на Клиника за токсикологија, нападната медицинска сестра на „Карил“, напад на медицинско лице на Детската клиника, а претходно скандал со претепаната медицинска сестра во детската болница „Козле”, рече Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

– И додека ова се случува, министерот за здравство бара помош за обезбедување на јавните здравствени установи од министерството за внатрешни работи и министерството за одбарана. Дали министерот за здравство воведува вондредна состојба на Клиничкиот центар? Замислете, не му се давале пари за ангажирање за агенција за обезбедување на Клинички, па затоа разговара со колегите од внатрешни и одбрана. Сака полицајци или војници да патролираат во кампусот клиники! Среќна Нова 1949 година, рече Нелоска.

Таа рече дека Филипче сака да се најдат лица кои ќе се плаќаат од Буџетот, меѓутоа од друго министерство.

– Министерот со ова покажува дека воопшто не му е грижа за медицинскиот персонал. А, секако не му е грижа ниту за пациентите, зошто во вакви пресметки кога граѓани од различни причини напаѓаат медицински персонал секој може да настрада. Министерот смета дека, дека да се плати обезбедување на здравствените установи е премногу скапо, односно безбедноста на докторите, сестрите, пациентите е премногу скапо. Но не смета дека е премногу скапо кога планира 35 милиони евра годишно за биохемиски реагенси, и за тоа кој ќе го добие тендерот. Ниту пак смета дека е скапо да се плати 1,5 милион евра за лубриканти. Тогаш тој многу се грижи за парите, рече Нелоска.

Според неа, постапките говорат дека кадрите на СДСМ се однесуваат исто како Заев.

– Ваквото однесување е само уште еден доказ дека станува збор за криминална и однародена власт. Време е веќе да се стави крај на ваквото министерување на министерот за здравство. Време е да се стави крај на уништувањето на здравствениот систем. Филипче мора да замине, рече Нелоска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Отворен хелиодромот во ГОБ „8 Септември“, директорот Костов во преговори за набавка на медикоптер

A1on

Самостојниот синдикат на Клинички центар предлага изготвување на нов нацрт закон за докторска дејност

A1on

Алијанса за Албанците: Хаосот на гинекологија треба да има судски епилог

A1on

Пролетна Европска недела на тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции

A1on

Одбележување на 19 Мај, Денот на семејниот лекар

A1on

Се чека судбината на СЈО за да почне судењето за белата палата

Васко Маглешов