Облачно со сончеви периоди, температури до 14 степеи

Времето денеска ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди. Попладне и од југозапад облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот и во текот на ноќта на југозапад ќе има повремен дожд, на планините од повремен снег. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб североисточен ветер. Температурата достигне до 11 степени.

Под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено време. Од денес доцна попладне, како и за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјава. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет и на планините ќе се формира помала снежна покривка.