„Кикер“: Баерн нема да го откупи Хамес Родригез

Баерн Минхен најверојатно ќе се откаже од намерата да го купи офанзивниот халф Хамес Родригез од Реал Мадрид, кој настапува за баварците како позајмен играч до крајот на сезоната.

По поразот со 2:3 од Борусија Дортмунд, клупскиот претседател Ули Хенес вети дека во текот на летото „лицето на тимот многу ќе се промени“.

Според весникот „Кикер“, трансфер буџетот на Баерн за следната сезона ќе биде 200 милиони евра, но во нив не влегува откупната клаузула на Родригез, бидејќи клубот веќе нема намера да го задржи играчот по крајот на сезонава.

По добрата прва сезона на Колумбиецот во Баерн, под водство на Јуп Хајнкес, се сметаше дека тимот ќе му ја плати на Реал откупна клаузула за него. Меѓутоа, за време на оваа сезона, ситуацијата се смени, бидејќи Родригез е во конфликт со актуелниот тренер Нико Ковач и не минува многу време на теренот.

Наместо него, германскиот шампион ќе се насочи кон привлекување на голгетерот на Бундеслигата до овој момент Лука Јовиќ, кој во моментов игра за Ајнтрахт Франкфурт. Дваестгодишниот Србин постигна девет гола во девет натпревари оваа сезона, од кои пет во дуелот против Фортуна Дизелдорф.

Весникот тврди и дека дефанзивецот на Штутгарт, Бенжамен Павар сигурно ќе дојде на „Алијанц арена“ за сума од 35 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Левандовски го навести трансферот на Сане во Баерн

A1on

Дортмунд и официјално си го врати Хумелс

A1on

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

A1on

Борусија го продолжи договорот со Фавр

A1on

Хумелс го напушта Баерн

A1on

Диаби е ново засилување на Баер

A1on