Печени копани со бело вино и топено сирење

Потребно е:
5-6 пилешки копани
100 гр топено сирење
1 чаша бело вино
сол
мелена црвена пиперка
соја сос
1 лажиче масло

Подготовка:
– Измијте ги копаните, посолете ги и прелијте ги со соја сос.

– Наредете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со бело вино. Поклопете го садот и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Печете ги додека да омекнат.

– Кратко пред да бидат печени тргнете го капакот и наредете ги парчињата топено сирење. Печете ги додека да поруменат.