Јутарњи лист: Дрскоста на фалсификувањето на Скопје би ги шокирала и нескромните

„Македонците се традиционално добри коњаници, тоа го сфатив пред неколку дена кога бев во Скопје. Тие јаваат гордо како везири, романтични како христијански витези, сраснати за седлото како безмилосни монголски воини…

Ако ги погледнете спомениците на плоштадите и кружните текови во Скопје ќе заклучите дека македонската историја е како роуд шоу“, пишува авторот Анте Томиќ во написот „Националистите се скороевци.

„И сите се исти – Хрвати, Срби, Македонци“, објавен во „Јутарњи Лист“.

Точно е и дека внуката на Гоце Делчев протестираше против споменикот на нејзиниот предок, тврдејќи дека тој не јавал коњ. Славниот револуционер рече таа, секаде одел пеш но нејзините забелешки не беа испочитувани од тогашната влада. ВМРО-ДПМНЕ, тогаш главната политичка сила, не се замараше со вистината, зошто лагата подобро звучеше.

Тоа не е, како што знаете, реткост, сите националисти ја фалсификуваат историјата, но дрскоста на македонското фалсификување во прикажувањето на сопствената величина и значење би ги шокирала и најнескромните. Со цела серија на лажни антички споменици, барокни фасади од гипс, ВМРО-ДПМНЕ од Скопје направи едно сосема измислено и место на фантазијата.

Но, само додека не го поминете првиот агол по плоштадот. Од другата страна на сјајните бели згради, зад високите бонбониери и шампити од пет ката, остана темната, влажна и скапана балканска мизерија.

Македонските националисти потрошија милијарди, центарот на Скопје да изгледа како поотмена верзија на Шуто Оризари, најголемата ромска населба во Европа.

Целиот текст тука.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Олимпија фати морбили

A1on

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

A1on

ВИДЕО: Започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

A1on

(ВИДЕО) Муареми: Тодоровиќ ја плати штетата од 433 илјади евра на општина Центар

A1on

ВИДЕО: Кривична пријава за Владимир Тодоровиќ за криминал во изградбата на мостот „Око“

A1on

Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“

A1on