Канализациски крак на две улици во Стар Дојран

На улиците „Вељко Влаховиќ“ и „Никола Карев“ во Стар Дојран во тек се активности за изградба на канализациски крак кој ќе им овозможи на жителите да се приклучат во канализацикиот систем.

Градежните активности, посочија од општината, се дел од проектот финансиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за чија целосна реализација ќе бидат потрошени шест милиони денари.

Од општината велат дека со завршувањето на активностите за изградба на канализациски крак конечно ќе се оствари долгогодишното ветување за создавање на подобри и поквалитетни услови за живот на жителите од овие улици.

Би можело да ве интересира

На Д Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди

Ана Ололовска

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

Ана Ололовска

Пратеничките на ДОМ: Амандмани на Буџетот за аерозагадувањето и колекторите во Охрид и Дојран

Ана Ололовска

Олумчев: Нема потреба од паника поради присуството на тигрестиот комарец во некои општини од југоистокот на земјата

Ана Ололовска

Средношколци од Србија на обука по органско производство во Дојран

Ана Ололовска

Одбележување на Европскиот ден на соработка во Дојран

Ана Ололовска