Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18. Д енови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.

– Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски. Рече дека г одинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.

Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

Манифестацијата ќе трае три дена, а на денепното отворање присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски, како и пчелари и претседатели на пчеларски здруженија од Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Ги преземаме сите мерки за заштита на пчелите и развој на пчеларството

A1on

Пчеларството во подем и станува семеен бизнис

A1on

„Пчеларски саем на Македонија“ во Скопје

A1on

Во Ресен промовиран проектот „Пчеларството – еколошки бизнис за млади“

A1on

Во Тетово манифестација за промоција на развојот на пчелната кошница

A1on

Медоносната пчела да се прогласи за загрозена, бараат пчеларите од Балканот

A1on