Сообраќајот се одвива по суви коловози, прекин на патот Виница – село Бигла – Делчево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Денес од 10:00 до 16:00 часот регионалниот пат Р2345 Виница – село Бигла – Делчево, во делот на село Драгобраста и село Трстија, ќе биде во прекин во двата правци, поради изведување градежни работи.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

Затворен за сообраќај патот од Драчево кај пругата до село Лисиче

A1on

Интензитетот на сообраќајот зголемен, одрони на патот Делчево – Каменица

A1on

Сообраќајот по влажни коловози, можни одрони низ котлините и клисурите

A1on

Состојба на патиштата

A1on

Состојба на патиштата

A1on

Коловозите влажни, можни одрони низ котлините и клисурите

A1on