Поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“

Здружението за наука и култура од Битола и Друштвото на писателите на Македонија денеска во битолскиот Центар за култура организираат поетско-сценски и ликовен перформанс „Поетска гравитација“ во рамки на проектот „Нов културен бран“ на Министерството за култура.

Поздравна реч ќе има Соња Елзесер, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а поезија ќе читаат: Мирјана Стојановска, Стела Ковач-Босилковска, Мишел Павловски, Фросина Пармаковска, Ленче Милошевска, Сузана Спасовска, Љерка Тот Наумовска, Милица Радевска, Весна Мундишевска, Никола Илијовски, Кире Неделковски, Лидија Дочевска-Павловска.

Ликовната изложба е на Гоце Крстевски кој ќе претстави копаничарски дела од уметничкото студио „Пердика“, а Ана Жежовска и Симеона Павловска ќе имаат сценски настап со дел од поемата „Бегалци од својот дом“ од Мирјана Стојановска.

Авторите-учесници на „Поетска гравитација“ крајот од манифестацијата ќе и подарат свои книги на публиката.

Би можело да ве интересира

Ликовна колонија стартува вечерва во неготинскиот манастир

A1on

Почнува јубилејната 10. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

A1on

Преспанските убавини мотив на ликовната работилница во Отешево

A1on

„Поетски искри од огништето на Ванчо Николески-2019“ во Лескоец

A1on

Наградата „Франческо Петрарка“ за поетот и академик Василевски

A1on

Почина поетот Милан Терзовски

A1on