Средба Тачи-Џафери: Косово го почитува територијалниот интегритет на Македонија и го поддржува нејзиното членство во НАТО

Во рамките на еднодневната официјална посета на Република Македонија, претседателот на Република Косово, г. Хашим Тачи, оствари средба и со г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.

На средбата, Тачи рече дека Република Косово, како непосреден сосед, чувствува потреба да изрази поддршка за Република Македонија. Притоа, тој истакна дека Република Косово го почитува територијалниот интегритет на Република Македонија и силно го поддржува нејзиното членство во НАТО. Што се однесува на разговорите помеѓу Приштина и Белград, г. Тачи рече дека евентуалниот договор меѓу нив, воопшто нема да ги загрози соседните земји и дека целиот процес ќе биде во координација со Вашингтон и ЕУ.

Џафери истакна дека постои огромен интерес за соработка меѓу институциите на двете пријателски и соседни држави, и за интензивирање на контактите и позитивната комуникација на официјалните лица во полза на унапредување на добрата меѓусебна соработка и размена на искуства во сите полиња од политичкиот и општествениот живот. Џафери рече дека ги поддржува напорите за постигнување на конечен договор меѓу Република Косово и Република Србија.

Би можело да ве интересира

Харадинај: Ставовите на Весели за таксата на српскиот увоз се погрешни

Ана Ололовска

Пацоли во Вашингтон на форум за верските слободи

Ана Ололовска

Харадинај го поздрави изборот на Фон дер Лајен на чело на Европската комисија

Ана Ололовска

Весели: Ја поддржувам идејата за суспензија на таксите

Ана Ололовска

Харадинај: Ние сме подготвени за дијалог во рамки на постојните граници

Пацоли повторно најавува забрана за посета на српски претставници на Косово