Панасоник ќе го премести европското седиште од Лондон во Амстердам

Јапонската компанија Панасоник (Panasonic) соопшти дека ќе го премести своето европско седиште од Велика Британија во Амстердам поради претстојниот Брегзит.

Директорот на Панасоник Јуроп, Лорен Абади рече дека целта на преселувањето, е да се избегнат можните спорни прашања околу данокот кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Во пресрет на излегувањето на Британија од ЕУ во март следната година, поголем број мултинационални компании соопштија дека ќе ги преместат своите европски седишта од таа земја.