Децата обожаваат висина, но и други претерани екстремности

Децата просто обожаваат висини. Постојано се качуваат на дрвја, на кровови од згради и тавани, поради поривот да го видат светот од поинаква, птичја перспектива, секако не размислувајќи за последиците. И тоа не е единствениот детски „екстремен спорт“ што ги привлекува.

Елен Сендсетер, професорка од Универзитетот нa Трондхајм во Норвешка, направи листa нa најопасните активности што децата најмногу и ги возбудуваат.

– Големи брзини… Децата обожаваат да се лулаат на лулашки, да се санкаат, да се спуштаат на тобоган и да возат скејтборд, а тоа што ги возбудува е што немаат контрола над сето тоа.

– Остри и опасни алатки… Децата сакаат да играат со ножеви, чекани, лакови и стрели – се што може да ги повреди.

– Задевање и тепање со врсниците… Некои деца уживаат да бидат во малцинството „загрозени“, кои бркаат и малтретираат други деца.

– Криење… Кога си играат криенка, ги исполнува чувството на привремена, застрашувачка одвоеност од своите другари, а кога, пак, сакаат да се пошегуваат со родителите, овие не се нималку пријатно изненадени.

Би можело да ве интересира

Каде е детето побезбедно – на интернет или на улица?

Ана Ололовска

Децата дневно на интернет од два до девет часа

Ана Ололовска

ЕУ повикува на заштита на детските права

Вкупно 280 милиони деца во светот денес живеат подобро отколку пред 20 години

Ана Ололовска

УНИЦЕФ: Ослободени 900 деца користени во војната во Нигерија

Татјана Ташкова

Како да го натерате детето да се движи повеќе?

Ана Ололовска