Ѓуриќ: Србите во Косово ќе го послушаат Вучиќ да не реагираат на провокации

На итната седницата на Советот за национална безбедност на Србија анализирана е политичко-безбедоносната состојба, состојбата во цивилните и воените органи и служби за безбедност и во разузнавачките служби, како и политичко-безбедоносната состојба во регионот.

Во изјавата по состанокот, директорот на владината Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ изјави дека Советот донел одредени заклучоци и дека претседателот Александар Вучиќ на надлежните служби за безбедност им дал одредени задачи.

Тој додаде дека од органите за безбедност се очекува засилено да дејствуваат и да ја вршат својата работа, „особено поради агентурното дејствување“, кое е дел од организираното сценарио во кое се вмешани и странски служби.

– Ова особено се однесува на спречувањето на агентурното дејствување на одделни политичари и свештеници, изјави Ѓуриќ, додавајќи дека тие ја обвинувале својата земја (Србија) дека планира злосторства кон сопствениот народ со некакви лажни сценарија на договорени судири, кои беа во функција на Приштина, со што ја доведоа Србија во состојба да говори за безбедноста на Србите во Косово, наместо да говори за неисполнување на договорот за Заедницата на српски општини.“

– Постојано ќе укажуваме на лицемерното однесување и на Приштина и на меѓународната заедница. Еве, измина 4 август, се покажа дека нивниот потпис нема вредност, како што укажувавме и на тоа дека потписот на Приштина нема да биде применет, изјави Ѓуриќ.

– Србите во Косово ќе го послушаат советот на претседателот Александар Вучиќ и нема да наседнуваат на какви било провокации,истакна Ѓуриќ.

На состанокот во зградата на Претседателството на Србија учествуваа и премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана и внатрешни работи Александар Вулин и Небојша Стефановиќ, министерката за правда Нела Кубуровиќ, началникот на Генералштабот на армијата на Србија Љубиша Диковиќ, директорот на БИА Братислав Гашиќ, државниот јавен обвинител Загорка Доловац.

До новите тензии на релацијата Белград-Приштина дојде во пресрет на денешниот краен рок што Европската унија и го даде на Приштина за да подготви нацрт-статут на Заедницата на српските општини (ЗСО) врз основа на Бриселскиот договор.

Вчера во отвореното писмо Вучиќ ги повика косовските Срби да не „наседнуваат на провокации и на евентуалните предизвици да реагираат мирно, цивилизирано и достоинствено, и дека Србија со политички средства ќе ја обезбеди нивната безбедност и иднината во Косово”.

Би можело да ве интересира

Тачи: Ако оваа година не се разбереме со Србија, ќе влеземе во опасна зона

A1on

Иселувањето на младите ја чини Србија од 1,2 до 2 милијарди евра годишно

A1on

ВИДЕО: Поројни дождови го парализираа Белград, „гејзери“ се формираат на улиците, водата влегува во возилата

A1on

Вучиќ: Смешно ми е кога во медиумите ќе прочитам дека Србија води кампања против Црна Гора

A1on

Вашингтон: Белград и Приштина да преговараат без провокации и да се вратат на дијалогот

A1on

Харадинај: Нема да седиме со скрстени раце пред планот на Белград за дестабилизација на Косово

A1on