Богата августовска прогрма на „Дојрански ракувања“

Културната манифестација „Дојрански ракувања“, која се одржува од далечната 1976 година, во јули стартуваше со разновидни културно-уметнички содржини, но за август се најавува особено богата програма.

На отворената сцена под јаворите, досега се одржаа неколку интересни концерти, „Зумба Зумба на плажа“ и детската претстава „Принцот Жаба“ на театарот Крик, но од општина Дојран која е покровител на манифестацијата денеска најавија дека особено богата и разновидна е августовската програма на манифестацијата.

– Вечер на плоштадот под јаворите, во рамки на августовската програма, концерт ќе одржат „Академци“ со Добрила Чабриќ, а утре на Илинден точно на пладне на отворената сцена ќе настапи Јордан Митев. На 3 и 4 август во Дојран ќе гостува театарот „Колозови“ со претставата „Итриот и заводливиот“, а вечерта на 4 август ќе се одржи саботна хумористична вечер со „Хихирику“, најавија покровителите.

Со репрезентативна музичка програма „Фестивалот на рибата и виното“ ќе стартува во петок, на 10 август со концерт на Влатко Стефановски и на „Тумбао Салса“. На 11 август ќе настапат „Љубојна“ и „Шајн“ а последниот ден од фестивалот ќе го одбележат настапите на „Џубокс Бенд“ и „Тајзи“.

Би можело да ве интересира

На Д Фестивалот во Дојран ќе настапат над 50 музички ѕвезди

Ана Ололовска

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

Ана Ололовска

Пратеничките на ДОМ: Амандмани на Буџетот за аерозагадувањето и колекторите во Охрид и Дојран

Ана Ололовска

Олумчев: Нема потреба од паника поради присуството на тигрестиот комарец во некои општини од југоистокот на земјата

Ана Ололовска

Средношколци од Србија на обука по органско производство во Дојран

Ана Ололовска

Канализациски крак на две улици во Стар Дојран

Ана Ололовска