Движењето БЕСА ја поздрави одлуката на НАТО за покана за почеток на преговори за членство на Македонија во Алијансата.
„Движењето БЕСА како опозициска партија ќе се ангажира во помагање на патот и исполнување на сите услови од кои зависи процесот за членување. Повеќе од важно е овој процес да биде што поопфатен и поддржан од значително мнозинство на граѓаните во земјата“, велат од партијата на Билал Касами.
Движењето БЕСА го повикува премиерот да има, како што велат, што поинклузивен пристап и да го интензивира дијалогот со опозиционите партии.