Трамп: Еден ден Иран ќе ме повика за да се договориме

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден ќе попуштат тензиите во односите помеѓу САД и Иран и оти очекува повик од Техеран.

Тој додаде дека сега Техеран се однесува кон Вашингтон со многу повеќе почитување откако САД се повлекоа од Договорот за иранската нуклеарна програма.

– Знам дека Иран има многу проблеми и дека им се урива економијата. Но, ова ќе Ви го кажам: Во еден момент ќе ме повикаат и ќе ми речат – „ајде да се договориме“. И ќе постигнеме договор, посочи Трамп.

Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.

– Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни, напиша Помпео на Твитер пред средбата во Брисел со Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет

A1on

Коен: САД сакаат да го вратат Иран на преговарачка маса

A1on

Иран: Санкциите против ајатолахот Хамнеи означуваат крај на дипломатијата

A1on

Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

A1on

Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

A1on

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД во Брисел

A1on