ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Ново Село не е единствен функционер на власта за кој постојат сериозни индиции за криминал

„Градоначалникот на Ново Село не е единствениот функционер на власта за кој што постојат сериозни индиции за криминал. Наместо обиди за дефокусирање од големите криминали, јавноста очекува истраги за сомнителните милионски тендери на Заеви, Анѓушев и Спасовски. Заради нив Македонија е на дното на листите за корупција и срам за цела Европа.

Доколку властите не покренат истраги за милионските тендери во РЕК Битола и вмешаноста на камионите на Заеви, милионските тендери на Анѓушев, како и милионскиот тендер за набавка на возила за МВР распишан од Спасовски, ќе се потврдат сомнежите дека ова е само дефокус од милионскиот криминал.

Овој случај само ја покажува криминогеноста на власта, дури и на нејзините најмали пипци.

Додека ја продаваат државата се прави огромен криминал, се осиромашуваат граѓаните, а се богатат неколку луѓе блиски до власта.

Вчера Зоран Заев и повторно и покажа на целата македонска јавност зошто СДСМ не треба да управува со Република Македонија. Од странска телевизија го слушнавме премиерот како се гордее со фактот дека ги исполнил сите грчки црвени линии, што прифатил промена на името, географска одредница, и истото да биде за севкупна употреба.

Граѓаните слушнаа дека Заев не го интересира државата. Заев го интересираат само милионските бизниси на неговите фирми.

Јавноста слушна како на Заев, кој е премиер на Република Македонија и по функција треба да ги штити нејзините интереси кажува дека нему не му е важно дали државата ќе се вика Северна или Јужна Македонија.

Зоран Заев и оваа власт не работат за Република Македонија, тие работат на штета на државата и нејзините интереси и само за профитот на своите фирми. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на овој криминален картел. Државата заслужува подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: На економијата црно и се пишува, откако Заев се самопрогласи за министер за финансии

A1on

СДСМ: Обвинетиот Димовски да одговори за случајот „Топлик” на СЈО и како добил државно земјиште заедно со Хидро Мицкоски

A1on

СДСМ: Расипничкото ВМРО-ДПМНЕ не го разбира концептот за враќање пари кон граѓаните

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов призна одговорност за неуспехот на СДСМ

A1on

(ВИДЕО) Лашкоска: Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции, царина, финансиска полиција…

A1on