Пожарникари во Хрватска добиле аларм за узбуна додека го гледале натпреварот Хрватска-Русија, односно изведувањето на пенали во четвртфиналниот натпревар.
Тие стануваат и истрчуваат на задача во моментот кога Иван Ракитиќ го изведува одлучувачкиот пенал, без никој воопшто и да се сврти да го види исходот од пеналот.
Оваа нивна реакција наиде на воодушевување на социјалните мрежи, каде што огромен број на луѓе ги фалат за нивната професионалност и посветеност кон работата и спасувањето на животи.