Македонски студенти со прототип на паметна табла победија на меѓународен натпревар

Тим студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои прво место на меѓународниот натпревар „EBEC Challenge Balkan“, што се одржа во Ниш, во организација на „Board of European Students of Technology“ (БЕСТ).

Студентите Јасна Станисавлевиќ, Александар Цоневски и Елена Стефановска од ФЕИТ, насока Обновливи извори, заедно со Калина Трајановска од ФИНКИ се натпреваруваа во категоријата тимски дизајн. Во конкуренција од осум тимови од Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска, тимот на ФЕИТ изработи прототип на смарт табла (паметна табла) која го олеснува читањето на техничките цртежи, како решение за проблемот со кој се соочува еден од спонзорите на настанот.

Меѓународниот натпревар EBEC Challenge Balkan е европското натпреварување во инженерство на студентската организација БЕСТ, основана 1989 година и присутна на 96 технички факултети во 33 земји.

Би можело да ве интересира

Студенти креираа факултетски распоред на „Станица: Студентска 7.0“

A1on

Шуто Оризари за прв пат доби читална за студенти

Виктор Јованов

Студентите по новинарство и односи со јавност ќе испратат порака за фер претседателска кампања

Sandra Boshkovska

Конкурс за стипендии за студии на универзитeти рангирани на Шангајската листа

Sandra Boshkovska

Град во БиХ го укина финансирањето на политичките партии

Sandra Boshkovska

Албин Курти допатува во Тирана за да им искаже поддршка на студентите

Sandra Boshkovska