Заев и Мицковски вечерва на прв ТВ дуел на МТВ

Македонската телевизија вечер, во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот. За организатори на овој прв ТВ дуел меѓу првите луѓе од власта и опозицијата по повеќе години, првично се пријавија три телевизии.

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…..

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес конференција изјави дека ТВ дуелот ќе трае 90 минути.

Би можело да ве интересира

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

A1on

Глас за Македонија бара од Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации

A1on

Заев: Сите кои кубат коси и мрчат за повратокот на ДДВ, да престанат

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мицкоски: Парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека

A1on

Твитер: Да го ставиме Заев и директор на МКЦ, па на банкнота од 5000 денари

Кристијан Ландов

Заев: Останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите и пензиите

A1on