Трибина за креирање заедничка визија за Шар Планина

Трибина со наслов „Креирање на заедничка визија за Шар Планина“ ќе се одржи денеска во општина Боговиње во рамки на проектните активности на Платформата „Пријатели на Шара“, поддржани од ИПА-2 механизмот и канцеларијата на ГИЗ, Скопје.

Целта на трибината е заеднички да зборува за иднината на Шар Планина и заштитата на природата и да се креира „Заедничка визија за Шар Планина“.

Ова е четврта по ред од трибините што се одржуваат во сите шест општини во регионот на Шар Планина, на која ќе бидат најавени и активности поврзани со креирање на советодавно тело за Шар Планина коешто треба да биде составено од клучни заинтересирани страни од сите шест општини.

Освен претставници на општината, на овој настан ќе бидат поканети и претставници на граѓански здруженија и други чинители, како што се собирачи на шумски плодови, сточари, ловџии, бизнис сектор и планинарски друштва од Општина Боговиње.

Би можело да ве интересира

Германски турист спасен од смрзнување во Брезовица

А1он

Дураку: По гласањето во Собранието, Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк

А1он

Конференција „Шар Планина – треба ли да биде прогласена за Национален парк“

А1он

Состанок на Групата на засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара”

A1on

Како треба да изгледа Шар Планина за 20 години?

Конференција за иднината на Шар Планина

A1on