(ВИДЕО) Богданов: Местото на пратениците е во Собранието

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов смета дека местото на пратениците е во Собранието. Тој очекува ваква одлука денеска да донесе партијата во насока на, како што рече, поддршка на евроинтегративните процеси на земјата.

Богданов е еден од иницијаторите за реформи во партијата кој со изборот на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ влезе во извршниот комитет.

Со ист став е и неговата сопартијка Даниела Рангелова која пред седниците на извршниот и централниот комитет рече дека смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се врати во Собранието.