Кресида Бонас: Среќна сум без Хари

Од:

Поранешната девојка на британскиот принц Хари Кресида Бонас, во разговор за списанието „Стајл“ изјави дека е „среќна што е сама“.

Во изјавата Бонас (26) инсистира дека е „навистина сама“ и ги отфрла како неточни написите во разни весници дека таа и Хари се повторно заедно и дека ја обновиле својата врска.

– Верувајте ми, фино ми е вака сама и без врска. Јас сум силна, независна жена, вели Бонас, која две години му беше девојка на принцот Хари.

Нивната врска беше „будно надгледувана“ од лондонскте весници, посебно од таблоидите кои постојано го следеа секое нивно појавување во јавноста. Како и во случајот со Кејт Мидлтон, сега сопруга на братот на Хари, принцот Вилијам, весниците ја следеа Бонас „копајќи“ по нејзиното минато, по нејзните блиски, по друштвото во кое таа најчесто е појавува, се интересира за нејзината работа и за плановите.

Во разговорот за „Стајл“ таа е гневна на таблоидите, зашто ја повредиле написите за нејзината мајка, леди Мери Геј Карзон, околу нејзиниот приватен живот и тоа што има четири бракови и пет деца од сите тие врски.

– Многу ме налутија сите тие написи во кои се навредува мајка ми, особено што се неточни, вели Бонас.

Времето кога беше девојка на Хари, го објаснува како „лудило“ особено поради публицитетот, можноста да влезе во кралското семејство и да стане принцеза.

Бонас се раздели од принцот минатата година и сега вели дека повеќе би сакала да биде актерка, отколку кралска принцеза. Сега настапува во тетарската претстава „Важно е да се викаш Ернест“ во театарот на Школата за ораторство во Лондон. На една од претставите еднаш присуствувал и принцот Хари.

Кресида Бонас е модел и танчерка во новиот промотивен филм на британската модна куќа „Малбери“.Најавува дека наскоро ќе се појави првпат во еден филм, со како што вели мала улога покрај Џуди Денч.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска