Сестрата до Меган Маркл: Кога можеш да потрошиш 75 илјади долари на фустан, можеш да му помогнеш и на татко ти

Саманта Грант, полусестрата на Меган Маркл, вереницата на принцот Хари, смета дека актерката не направила доволно за да му помогне на својот татко Томас, кој банкротираше.

Од кога беше соопштено дека Меган Маркл се вери со принцот Хари, во медиумите започнаа да се појавуваат разни приказни за нејзиното семејство. Покрај таткото, со кој Меган нема најдобар однос, сега во приказната се вклучи и нејзината полусестра Саманта Грант, која ја осуди идната членка на британското кралско семејство.

Таа ја критикуваше незаинтересираноста на Меган да му помогне на нејзиниот татко кој остана без пари.

– Кога можеш да потрошиш 75 илјади долари на фустан, можеш да му помогнеш и на татко ти, рекла Грант.

Самата во изјавата мислеше на дизајнерскиот фустан на Меган, кој таа го носеше на веридбата со принцот Хари. Сестрата на идната војвотка откри дека нивниот татко Томас во моментов ја лечи ногата за да може да ја испрати Меган до олтарот во мај, кога е закажана венчавката.

Во медиумите некое време се шпекулираше дали Меган ќе ја исполни традицијата и ќе му дозволи на нејзиниот татко да има голема улога на свадбата.

Саманта во интервју откри дека нејзиниот татко ќе присуствува на венчавката и дека само пад од авион би го спречило во тоа.

Би можело да ве интересира

Меган Меркл роди син

A1on

Меган Маркл на својата прва свадба на гостите им делела марихуана

А1он

Меган Маркл ќе се врати на глумата откако ќе роди деца

А1он

Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

А1он

Универзитетот на Меган Маркл го користи нејзиниот лик за да привлекува студенти

А1он

Принцот Хари и Меган Маркл добија кралско пиво

А1он