Кое презиме ќе го користат Меган Маркл и принцот Хари?

Принцот Хари и глумицата Меган Маркл најверојатно ќе ги користат само своите први имиња, но при запишувањето во книгата на венчани, најверојатно ќе го користат презимето Маунтбатен-Виндсор.

Меган со венчавањето за принцот Хари нема да стане принцеза, туку војвотка, доколку кралицата Елизабета Втора одлучи на својот внук да му го даде називот Војвода од Сасекс.

Но дали парот ќе има презиме?

Историчарката и експерт за кралското семејство, Каролин Харис објасни дека членовите на кралското семејство не користат презимиња, додека младите членови имаат право да одлучат дали сакаат презиме или не.

Со презимето Маунтбатен-Виндсор се служат наследниците на Елизабета Втора, а тоа е спој на нејзиното и презимето на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Полното име на Меган по венчавката ќе биде Меган Маунбатен-Виндсор. Во книгата на венчани со тоа презиме се запишани и принцезата Ана, грофот Едвард и принцот Ендрју, додека принцот Чарлс нема никакво презиме.

Не се знае дели принцот Вилијам го избрал истото презиме, бидејќи за разлика од бројните кралски личности, тој побара информациите да не бидат достапни за јавност.

Би можело да ве интересира

Меган Меркл роди син

A1on

Меган Маркл и принцот Хари ќе ја напуштат Велика Британија по раѓањето на бебето

A1on

Меган Маркл на својата прва свадба на гостите им делела марихуана

А1он

Меган Маркл ќе се врати на глумата откако ќе роди деца

А1он

Личната помошничка на Меган Маркл дала отказ поради притисок на работа

А1он

Откриена тајната на црниот прстен кој принцот Хари го носи последниве денови

А1он