Портпаролот на јеменските бунтовници Мухамад Абдул Салам упати остри критики поради обвинувањата на САД, дека Иран доставува ракети на Хутите.
– САД измислуваат лаги за да ги избегнат последиците од одлуката да го признаат Ерусалим за главен град на Израел, што предизвика протести во арапскиот и муслимански свет, вклучително и во Јемен, напиша Салам на Твитер.
Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации Ники Хејли во четвртокот го обвини Иран дека стои зад неодаменшниот ракетен напад врз Саудиска Арабија.