60% од студентите на медицина би заминале во странство по студиите

Од:

Студирањето медицина е поатрактивно за припадничките на женскиот пол, oгромно мнозинство од сите студенти кои се запишале на Медицински факултет изјавиле дека основната причина поради која сакаат да студираат медицина е да бидат доктори, сакаат да бидат хирурзи, го преферираат приватното во однос на државното здравство, а загрижувачки 60,6 проценти сакаат да се отселат по завршување на студиите.

Ова се дел од резултатите од меѓународниот проект Хелтгрупер спроведен помеѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје кои се запишани во прва година од нивните студии. Целта на истражувањето била да се проценат главните очекувања кои студентите ги имаат на почетокот на студирањето. Хелтгрупер ќе го спроведе истото истражување во 2018 година на истата генерација студенти со цел да се споредат разликите во одговорите кога студентите се прва година, и кога ќе бидат при крајот на нивните студии.

Истражувањата покажуваат дека преку 70 проценти од новата генерација студенти на Медицинскиот факултет се женски. Најзагрижувачки податоци од ова истражување е интересот на студентите да ја напуштат државата по завршување на нивните студии.

На прашањето дали би сакале да останат во Македонија по завршување на студиите, речиси 47,7 проценти од сите студенти дале позитивен одговор, а загрижувачки 60,6 проценти изјавиле дека сакаат да се отселат. Околу 25 отсто од испитаниците – студенти останувањето во Македонија го поврзуваат со можноста да најдат работа. Само 33,3 проценти од студентите кои се од Скопје, потврдиле дека би работеле во Скопје по завршување на студиите, додека остатокот од 66,7, изјавиле дека планираат да се отселат. Во слична насока се и резултатите на студентите кои доаѓаат од другите градови во внатрешноста на Македонија. Само 27 проценти од оваа група студенти планира да остане во својот град или населено место по завршување на студиите. Мнозинството или 56,1 проценти од нив планира да се отсели од Македонија, додека околу 17 би сакале да работат во Скопје.

Својата идна кариера приближно половина од студентите запишани во прва година од нивните студии како преференцијална идна гранка за специјализација би ја одбрале хирургијата – 44,8 проценти. На второ место по атрактивност се издвојуваат интерната медицина и сродните гранки со вкупно 19 проценти од понудените одговори. Следуваат гинекологија и педијатрија со 15,5 и 13,8 проценти, додека најмал процент од интересот на студентите кои се запишани во прва година е за специјализацијата по семејна медицина или матичен лекар – 7 проценти.
Од испитаните студенти 54,4 проценти изјавиле дека по дипломирањето би сакале да работат во приватно здравство, додека за околу 35 проценти е сеедно каде ќе работат само доколку најдат работа.

– Она што остава најголем впечаток е големиот интерес кој студентите го прикажуваат за напуштање на Република Македонија по завршување на студиите. Овие поразителни податоци бараат дополнителни социолошки анализи со цел да се утврдат точните причини поради кои студентите својата перспектива ја гледаат надвор од државата, стои во заклучокот од анализата на Хелтгрупер.

Дел од причините, според студентите, се ниски плати и пред се, сметаат, потценувањето на докторите во Македонија. Резултатите од ова кратко истражување нудат можност и потреба за јавна дискусија и отворена дебата на повеќе прашања и тоа што треба да направи државата и Медицинскиот факултет за да ги мотивира студентите да останат во Македонија, како да се направат понеатрактивните медицински специјализации интересни и привлечни за студентите и како да им се понуди подобра перспектива на новите генерации.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска