Извршена прелиминарна распределба на автобуски линии

Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на нови или за промена на постоечки автобуски линии за 2017 година.

Врз основа на прелиминарната распределба, од вкупно поднесените 27 апликации за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 14, една е делумно одобрена, а 12 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, од доставените 51 апликација се одобрени 28, три се делумно одобрени, а 20 се одбиени.

– Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и подзаконските акти, се вели во сооопштението од Министерството за транспорт и врски.

Целосните информации за прелиминарната распределна на линиите се достапни на веб страната  на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели

Ана Ололовска

ВИДЕО: Официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Ана Ололовска

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција

Ана Ололовска

Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Ана Ололовска

„Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд

Ана Ололовска

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч