Сириските Курди ќе избираат регионален Парламент во септември

Во реоните во севениот дел на Сирија каде мнозинството од жителите се Курди во септември ќе се одржат избори за регионален Парламент и за членови на органите на локалните власти, соопшти денеска претставник на сириските Курди.

Идејата за автонмија на Курдите во северна Сирија беше промовирана уште минатата година, но ова е прва конкретна најава за реализација на ваквите планови.

Вооружената група Сили за заштита на народот, која е воено крило на Партија на демократската унија на сириските Курди, контролира територија во северна Сирија долж границата со Турција.

Силите за заштита на народот се дел од коалицијата на арапски и курдски милитантни групи наречена Сириски демокраски сили, која има поддршка од САД. Борците на Сириските демократски сили ја започнаа офанзивата против главното упориште на Исламскта држава во Сирија, Рака.

Од друга страна, Турција ги смета Силите за заштита на народот за терористичка група и за огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Најмалку 11 загинати во експлозија во сирискиот град Африн

Ана Ололовска

Ирак започна операција за обезбедување на пустината на границата со Сирија

САД бараат Германија да испрати копнени сили за борба против ИД во Сирија

Гибралтар задржа танкер со иранска нафта за Сирија

Татјана Ташкова

Сирија ги оквалификува израелските напади како „државен тероризам”

Ана Ололовска